Македонската престолнина вечерва гори, а „виновници“ за тоа се членовите на навивачката група Комити, кои направија досега невиден спектакл со палење на 500 факели во чест на 35-годишнината од формирањето на групата, 75. роденден на Вардар и петгодишнината од освојувањето на првата европска титула на црвено-црните ракометари.
– Улиците се наши, градот е наш 🔥 Од Лисиче до Ѓорче, срцата чукаат за Вардар, како што речиси илјада факели го осветлија кејот, за 35 години од формирањето на Скопската и Македонска АВАНГАРДА – КОМИТИ ЗАПАД❗️ Забавата продолжува пред Јане Сандански…, порачаа од навивачката група.
Совпаѓањето на трите јубилеи беа причина за феноменална и ретко видена, дури во пошироки рамки, факелијада долга десет километри и тоа од мостот во скопската населба Хром до мостот „Близнак“ во населбата Ново Лисиче. Колони со автомобили ги запоседнаа улиците помеѓу овие две точки, правејќи колона чиј крај беше едвај видлив со симпатизери на македонската гордост, што наиде на одобрување и поздравување на тие со кои се разминуваа.
Главната прослава е пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром, каде што со бројна пиротехника се осветли небото над Скопје, градот чиј заштитен знак со години се Вардар и Комити.