СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

УЖАСНИ СЦЕНИ: Белгиски овчар среде бел ден изгриза тригодишно девојче во парк во Загреб

Белгиски овчар нападнал тригодишно девојче во саботата во хрватскиот главен град Загреб, околу 11 часот, на паркингот во паркот Максимир, пишува Јутарњи лист. Сведоците раскажуваат ужасни сцени.

– Ја видов мајката како го држи девојчето на земја, а таткото се обидува да го спречи јучето повторно да ја касне. Јас силно го удрив кучето неколку пати по ребрата. Поминаа можеби минута или две додека не го разделиме од девојчето. Дојде доктор, кој го погледна девојчето. Од стомакот и капеше крв. Нејзините родители ја ставиле во автомобил и се упатиле кон блискиот Клинички центар во Загреб – изјави сведокот за Јутарњи лист.

– Утрово ми се јави таткото на девојчето и рече дека таа е пуштена од болница и дека повредите, за среќа, не се тешки – изјави очевидецот на страотниот напад.

Тој понатаму вели дека кучето кое го нападнало девојчето било врзано за поводник, но дека бил доволно долг за кучето да може да го дофати и да го нападне детето.

Тој вели дека и сопственикот на кучето бил во шок.