Пејачот Ацо Пејовиќ неодамна одржа концерт во Нова Варош, а за време на неговиот настап се случи драма каква што никој не очекуваше. Имено, додека ги редел своите хитови, Пејовиќ забележал дека на едно дете му се слошило и нагло го прекинал настапот за да повика помош од лекарите и полицијата кои биле присутни таму.

Пејовиќ апелираше до организаторите на концертот да испратат носилка и лекарска помош, за на детето кое се онесвестило да му биде укажана прва помош.

Пејовиќ доби огромен аплауз, како за неговиот хуман гест, затоа што вети дека лично ќе купи 10 носилки и ќе ги подари на Нова Варош, но и затоа што покажа хуманост, прекинувајќи го концертот за да повика помош.

– Ве молам, брза помош да дојде овде, некој е во лоша состојба, брзо, брзо! Дали има некој од лекарите? Доаѓа ли некој од докторите? Што да правам? Повикувам Брза помош, но никој не слуша! – започна Пејовиќ, па додаде:

– Детето се онесвести, а ти немаш носилка, немојте да се оправдувате, најобична носилка! Јас ќе донирам, лично ќе купам 10 носилки и ќе ги донирам на Нова Вароша! Ова е срамота! – извика Пејовиќ.