Автомобил БМВ вчера утрото со голема брзина се забил во бандера во белградската општина Сопот. Од возилото останале само остатоците. Полицијата извршила увид, а во Ургентниот центар се примени две млади момчиња.

Возилото било целосно уништено при ударот. 21-годишниот возач имал над 3 промили алкохол во крвта, а со него во автомобилот бил и негов другар.

– Во моментот на несреќата со него во возилото бил и пријател и според нивните зборови носеле безбедносни појаси – вели извор запознаен случајот.

Според информациите од Ургентниот центар, возачот на БМВ на возраст од 21 година се здобил со скршеница на бутната коска, а неговиот сопатник се здобил со полесни повреди.

По закрепнувањето ќе бидат сослушани за околностите на несреќата.