Иако најлудата ноќ е секогаш резервирана за работа, Светлана Цеца Ражнатовиќ не ја пропушта можноста да ги помине слободните моменти со своите најблиски.

Во петнаесеттата епизода од „Цеца шоу“ ќе имате можност да погледнете како Цеца на својот внук, малиот Жељко му приреди спектакуларно изненадување при отворањето на подарок.

Освен семејството и пријателите, Цеца собра и група аниматори облечени во новогодишни костими, а ќе видите колку бил воодушевен малиот Жељко и како се однесувал во друштво на непознати маскирани лица.

– Дојдов на идеја прво да се почестам себеси и моите пријатели – вели Цеца, која ги собрала своите најблиски во својата куќа.

Малиот Жељко го доби својот прв музички инструмент, а добрата забава што Цеца ја приреди во својот дом ги анимираше и најмладите и постарите гости.

Во еден момент и самата Цеца беше дел од шоуто што го организираа магионичарите Пикси и Зека, па случајно падна новогодишен „бакнеж“ додека изведуваше трик со карти.

📸

📸

📸

📸

📸