Џенет Слек, диџеј и продуцент, почина на 42-годишна возраст во Хонг Конг. Џенет својата најголема популарност ја стекна во 2000-тите на лондонската музичка сцена.

Веста за смртта ја сподели нејзиниот брат Тревор на Фејсбук.

„Во име на семејството, со голема тага ја објавувам трагичната и ненадејна смрт на Џенет Слек на 13 ноември 2022 година во Хонг Конг“, напиша Тревор, додавајќи:

“Таа беше повеќе од сестра, ќерка и пријател. Таа беше светлината и душата на собата”.

Слек е родена во Хонг Конг и почнал да се занимава со диџејство откако продавала плочи во Лондон во доцните 90-ти. Наскоро таа почна да постигнува успех и беше една од ретките женски диџеи.

По враќањето во Хонг Конг во 2015 година, Слек започна свое музичко училиште, предавајќи музичка продукција на млади студенти.

На социјалните мрежи од Џенет се простија бројни колеги и пријатели.