31-годишна воспитувачка од градинка е пронајдена мртва во својот стан во Солун, вест која потресе населеното место Каламбака од каде што била несреќната жена.
Според информациите на грчките медиуми, младата жена живеела во Солун. Таа на 13 јануари напладне била пронајдена мртва во нејзиниот дом од семеен пријател, кој ги известил сите надлежни органи, како и нејзините роднини кои живеат во областа Каламбака.
Нејзиното тело е пренесено во Судската служба во Солун, каде пред неколку дена била завршена обдукцијата, при што наодите за нејзината смрт „покажуваат“ патолошки причини.