Полицијата од германскиот град Гаутинг уапси државјанин на БиХ, кој има 49 години, под сомнение дека се обидел да силува коњ во штала во близина на Унтербун.
Сè се случило во понеделникот вечерта кога системот за надзор во шталата снимил човек како се приближува до коњите. Системот веднаш го известил сопственикот на шталата, кој дошол на местото на настанот, но осомничениот веќе побегнал во блиската шума.
Не било прв упад
Инаку, ова не е прв напад од ваков вид, поради што е поставен системот за надзор. Благодарение на снимката од камерата, сопственикот на шталата видел во кој правец бега осомничениот.
Потоа, полицијата во близина на шталите пронашла напуштен автомобил, а се што требало да направат е да го чекаат осомничениот да се врати по него. Токму тоа и се случило, полицијата му направила заседа и го уапсила.
Со директен преглед на коњите не е утврдено дека тие биле нападнати таа ноќ, бидејќи на осомничениот најверојатно нешто му го одвлекувало вниманието и побегнал во блиската шума.
Претходни снимки
Сепак, врз основа на претходните снимки и некои индиции, полицијата го смета осомничениоѕ за најмалку еден претходен напад на коњ.
Државјанинот на БиХ е приведен, а на распитот одбил да соработува. Наредено му е да ја достави својата ДНК на анализа за да се утврди дали ќе биде обвинет за претходните случаи.