Почитувани, тимот на Струмица Денес со огромна болка и жалост ве известува дека денес, по кратко боледување, почина Здравко Јовановски, објави струмичкиот портал.

Здравко Јовановски беше ведар и вечно насмеен човек, низ животот се движеше со мотото дека живее да ги направи другите среќни и задоволни со себе. Долги години е соработник на портал Струмица Денес и учествувше во голем број проекти. На струмичани им е познат и како успешниот тренер во Пулсфит, професор по физичко образование во основно училиште. Здравко беше грижлив сопруг и татко на две деца.

Прерано згаснатиот млад живот е огромна загуба, а веста за смртта сѐ уште со неверување се шири меѓу неговите пријатели, познаници, ученици и клиенти. Здравко беше движечка харизма, пријател со секого, секому му ја поддаваше својата рака. Активно се залагаше за промоција на здравиот начин на живот кај младите и така успеа да промени многу животи. Затоа луѓето неизмерно го сакаат и почитуваат.

Последниот поздрав со Здравко ќе се одржи утре (четврток). Посмртните останки ќе бидат изложени од 12:00 часот, а погребот во 13:00 часот. Да го испратиме достојно, во еден друг, поправеден свет.

Уште еднаш, искрено и длабоко сочувство до семејството.

ВЕЧНА СЛАВА ШАМПИОНЕ!