Пејачката Тања Савиќ неодамна објави среќна вест и потврди дека е среќна и е во љубовна врска, а медиумите открија дека е во врска со извесен Мухамед Б. од Бјелина. Меѓутоа, нивната врска потоа паднала во криза, а проблем им направиле и неговите родители.

Како што откри изворот близок до пејачката, проблемот меѓу Тања и нејзиното момче настанал кога медиумите го дознале неговиот идентитет:

– Дечкото на Тања мисли дека таа раскажала за нивната врска со некој кој не и е баш близок, што му донело проблеми. Не сакаше неговото име да излезе во медиумите. Кога се дознало за нив, многу луѓе околу него му рекле дека е подобро да стави крај на таа приказна. На неговото семејство му пречи тоа што таа е разведена и постара од него, но и тоа што е во јавноста главно поради љубовните врски и караниците со бившиот сопруг – вели изворот и додава:

-Кога виде што коментираат луѓето на социјалните мрежи и како го навредуваат на национална и верска основа, навистина се разочара. Поради сето тоа сега се во многу затегнати односи. Тој е лут и збунет за се. Ќе видиме дали ќе успеат да ја надминат оваа криза. Сето ова и беше тешко на Тања, таа е тажна веќе неколку дена. Иако очекуваше луѓето убаво да ја прифатат нејзината врска, таа наиде на осуда од сите страни, вклучувајќи го и нејзиното семејство. Во моментов не се во контакт, а тој планира да се врати во Америка на почетокот на април – заклучува изворот.