Пејачката, актерка и бизнисменка Џенифер Лопез блесна во сребрено одно издание на премиерата на филмот Air. На црвениот тепих таа го бакна својот сопруг, актерот Бен Афлек, покажувајќи ја својата љубов кон него.

Во понеделник, на 27 март, филмот Air со Бен Афлек беше претставен во театарот Regency Village во Лос Анџелес.

Актерот дојде на премиерата во друштво на неговата сопруга Џенифер Лопез. Лопез блесна во модна комбинација на Антонио Грималди, со жолто здолниште со макси должина до подот и со светкав горен дел во сребрена нијанса. Афлек пак, носеше костум во морнарско сина нијанса и посветла сина кошула оставајќи елегантен впечаток.

Парот не ги криеше чувствата во јавноста и се бакнуваше додека позираа пред фотографите.

На настанот присуствуваа и Мет Дејмон, Виола Дејвис, Џејсон Бејтмен и други актери од филмот Air, како и супермоделката Адријана Лима и Андре Лемерс, кои станаа родители пред шест месеци.