Денеска во Скопје, ненадејно почина Горан Ѓошев, вработен во Фудбалската Федерација на Македонија, како медицинско лице задолжено за грижата на младите фудбалери во Академијата на ФФМ.
Ѓошев беше неизбежен дел од генерации македонски фудбалери, како техничко медицинско лице водејќи ја грижата за здравјето на голем број млади фудбалери кои минувале низ академиите на фудбалската федерација.
Беше сведок на голем број успеси на младите селекции кои беа под грижа на Ѓошев, останувајќи долги години верен на Фудбалската федерација на Македонија.