Натпреварот помеѓу Данска и Финска е прекинат во 43. минута поради драматична сцена на теренот, откако фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен без никаква причина се струполи на теренот.
Медицинската екипа веднаш втрча на теренот, а информациите од данската престолнина велат дека му се укажува вештачко дишење. Сите се со рацете на главата и никој не знае каков ќе биде конечниот епилог.
Ериксен според сите информации, кои засега не се потврдени официјално, тој се бори за својот живот.