Кристијан Ериксен ја шокираше цела фудаблската јавност и ги преплаши сите фудбалски фанови и самите актери на теренот во Копенхаген, а благодарение на брзата и професионална реакција на лекарите, беше вратен во живот и итно пренесен во болница.
Фудбалските фанови се молеа за животот на фудбалерот на Интер бидејќи ситуацијата беше максимално сериозна и застрашувачка, но откако лекарите го реанимираа, почнаа да пристигнуваат навистина оптимистички изјави за неговото здравје, кои сега беа надополнети и со изјава на извршниот директор на италијанскиот првак.
Бепе Марота во изјава за „Раи“ откри дека Ериксен пред неколку минути испратил порака во Ватсап групата на Интер, со цел да ги смири сите соиграчи од Интер и целиот персонал во клубот.
– Кристијан Ериксен само што испрати порака во Ватсап групата на Интер, тоа се случи пред неколку минути. Сега сме големи оптимисти за неговата состојба, медицинскиот тим на Данска ни порача дека ситуацијата е под контрола. Тој се чувствува многу подобро.
– Со својата порака успеа да не смири сите, моментите на голем страв завршија добро, – порачува главниот оперативец на Интер.