Македонските навивачи се едни од највпечатливите на ова Европско првенство во фудбал. Овој епитет за кратко време го заслужија припадниците на Македонската фаланга кои што денеска се главна атракција по улиците и баровите во Букурешт.
На старата калдрма во центарот на главниот град на Романија се играше Македонското оро и тоа на особено автентичен начин. На чело на орото беше Дарко Јанкуловски од Битола кој го поведе орото среде Букурешт каде денеска Македонија го игра првиот меч против Австрија на ЕП во фудбал.
Јанкуловски кој е адвокат а во Битола е познат под прекарот “Гуменио” е облечен во традиционална македонска носија од мариовскиот крај и е една од главните атракции во стариот град во Букурешт.
Орото се играше на стиховите на на песната “Бисер Балкански” од Гоце Николовски.