Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев деновиве е во посета на Украина.
Тој ја посети Буча, кадешто имаше масовна гробница на убиени Украинци во војната со Русија, а вечерва објави дека поради тревога за напади, се наоѓа во засолниште во Киев.
-Добро сум, ќе помине. Сирени во Киев, опасност од бомби. Засолниште под земја. Поздрав до сите!!, напиша Ѓорчев и објави фотографија.