Големиот УФЦ шампион Александар Волкановски јавно истакна дека неговото потекло е од Македонија. Тој изјави дека неговиот татко е Македонец, а неговата мајка е Гркинка.

Ова дојде откако легендарниот Конор МекГрегор имаше коментар на Twitter дека Волкановски можеби е Полјак.

„Мојот татко е Македонец, а Волкановски е македонско презиме. Мојата мајка е Гркинка, моминското презиме ѝ е Калменидис. Значи, татко Македонец, мајка Гркинка“, објави УФЦ шампионот Александер „Велики“ Волкановски.

Татко му е од село Беранци, Битолско, додека мајка му е од Грција. Поради тоа што е дете од мешан македонско-грчки брак, сам одамна си го даде прекарот Велики, бидејќи е ист случај како и Александар Велики Македонски – од македонски татко (Филип II) и грчка мајка (Олимпија).

Настапува под австралиско знаме, но неретко знае да се фотографира со македонското знаме.