Медиумите ја фотографираа актерката Јелена Ѓукиќ (43), поранешна сопруга на режисерот Милорад Милинковиќ, која со својата природна убавина ги воодушеви сите на плажа.
Јелена Ѓукиќ, која јавноста ја запозна во хит серијата „Игра на судбината“ во улогата на Вишња, моментално ужива на одморот во Црна Гора, каде што ги полни батериите за идните деловни и приватни успеси.
Имено, Јелена уживаше на плажа, се сонча, пливаше и доста опуштено уживаше во храна и пијалок. Имено, актерката облекла костим за капење во леопард дезен и сите се вртеле кон неа, а никој не останува рамнодушен на нејзиниот извајан изглед во петтата деценија: „Божица“, „природна убавица“, „секоја чест, тоа е вистинска дама“ …
Да потсетиме, Милорад и Јелена се разведоа пред 5 години, а од бракот ја имаат ќерката Дивна. Тие останаа во пријателски односи.