На социјалните мрежи се прошири видео од Германка како влече еколошка активистка кој го блокираше сообраќајот од патот.
Поради ова, русокосата дама на интернет беше наречена „брутална русокоса“.
На видеото се гледа како русокосата им вика на демонстрантите да се тргнат од патот во Ботроп, Германија, а потоа фаќа една активистка за коса и ја влече на тротоарот.
По протестот биле приведени активисти, а полицијата од Реклингхаузен потврдила дека демонстрантката е полесно повредена, јавуваат локалните медиуми. Се размислува дали ќе биде поведена кривична постапка против жената која ја влечеше демонстрантката за коса.
Освен русокосата, и други минувачи ги поместија активистите од патот.
Achtung Gewalt:
Von der Straße gezerrt & an den Haaren weggezogen!
❓ Sind wir diejenigen, gegen die sich gerichtet werden sollte, wenn wir uns friedlich auf die Straßen setzen, um darauf aufmerksam zu machen, dass die Zivilisation in der Klimakatastrophe versinken wird?
1/3 pic.twitter.com/I0rnq4eDTF
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 14, 2023