Најмалку 23 лица загинаа во сообраќајна несреќа на северот на Сенегал, соопшти претседателот на таа земја, Маки Сал. Несреќата се случила на автопатот во Сенегал, во близина на Нгеуне Сар.
Заменик-градоначалникот на блискиот град Луга, Маџиген Гуеје Санкаре, изјави за Ројтерс дека патничкиот автобус се превртел. Тој додаде дека повредените се префрлени во болница во градот Луга.
– Цел град е во жалост – рече Санкаре.
На почетокот на годината во Сенегал се случија две несреќи со патнички автобуси, во првата загинаа 40, а во втората 20 лица.