Костадин Костадинов, пратеникот и портпаролот на СДСМ сподели неколку фотографии од неговата понежна половина со која се вери од неодамна.
Таа е по потекло е од Битола, а парот живее заедно во Скопје. Марија Десанова е бринета, секогаш елегантна и тренди.
Тој вчера и честиташе роденден на сцојата вереница на својот Инстаграм профил.
-Среќен роденден Марија, да ги споделуваме нашите животни патишта и во добро и во зло. I Love you ❤️, напиша Костадинов.
Тој во јануари годинава ја побара Марија за сопруга.
„Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себе си и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом.Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад,“ напиша Костадинов на неговиот Фејсбук-профил каде што објави фотографија од подарениот прстен.