Аргентинската државјанка Марија К.У. (27) загинала кога нејзиното момче ја фрлило од тераса на шести кат од зграда во Липјан, населено место во Приштинскиот округ на Косово. Трагедијата се случила на 3 август, а како што дознаваат меидумите, таа на Косово дошла во друштво на швајцарски државјанин по потекло од Косово, кој, како што се сомнева, ја фрлил од терасата.
Сè се случило околу 2 часот во зградата во која Марија била во соба со момче, кое било идентификувано како Ендрит Ника (31). Според локалните медиуми, постои сомневање дека меѓу двајцата дошло до расправија, по што младата жена паднала во амбисот.
Марија итно била пренесена во Клинички центар, каде од здобиените повреди починала. Потоа, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од еден месец до утврдување на околностите на инцидентот. Марија минатата година се преселила во Европа, а нејзиниот татко Факундо Урдангарај изјавил дека нема сомнеж дека неговата ќерка е убиена. Тој рече дека Марија отпатувала во Шпанија на 1 ноември во потрага по подобра иднина.
– Живееше во Барселона два-три месеци додека не го запозна овој човек и отидоа да живеат заедно во Швајцарија – изјави Факундо за каналот TN. Двојката изминативе денови отпатувала за Косово за да присуствува на свадбата на братот на уапсениот и родителите знаеле за тоа.
– Ни испрати слики од свадбата на која присуствуваше. Изгледаше добро, среќно – откри Факундо.
Тој исто така рече дека неговата ќерка последен пат разговарала со нејзината мајка минатата недела. Тој од нејзина страна се обидел да комуницира и ѝ праќал пораки.
– И испратив порака, но не бев премногу загрижен што не ми одговори. Нејзината пријателка живее во Барселона и ми кажа дека е пронајдено мртво девојче, но не беше сигурна дали тоа е Марија. Почнавме со контактирање на аргентинското Министерство за надворешни работи, кое сега води истрага. Беа многу љубезни кон нас и прават се што можат нејзиното тело да го вратат дома – изјави таткото на жртвата за локалните медиуми.
Откако потврдија што се случило со Министерството за надворешни работи, семејството на жртвата решило да им се обрати на медиумите за да им помогне да го пренесат телото на нивната ќерка бидејќи немаат пари.
Факундо изјави дека надлежните ги информирале дека меѓу обдукцијата, законските процедури и вештачењето, преносот на телото ќе трае околу 15 дена.
„Љубоморен женкар“
– Најверојатно бил под дејство на дрога и алкохол и ја турнал од балконот. Таа беше многу тешко повредена. Ќерка ми почина во болница – вели таткото. Според родителите, Марија не зборувала многу за него, а деталите од нивната врска не се познати.
– Ќерка ми разговараше со мајка си и го опиша своето момче како женкар и многу љубоморен маж. Убеден сум дека се работи за убиство – вели Факундо Урдангарај.
Меѓу нејзините пријатели и познаници постои голема тага за Марија Клара. Пријател на семејството Урдангарај се сеќава на објавата на Клара на Фејсбук на 21 ноември, која гласеше:
“Тие велат дека доаѓаме сами и одиме сами. Тоа не е точно. Заминуваме со многу спомени, смеа, бакнежи и прегратки. Заминуваме со раце полни искуство, усти полни вкус и глави полни со знаење. Не, не одиме сами, затоа што на денот кога ќе заминеме, со нас ќе умре и дел од оние што не сакаа“, напишала жртвата тогаш.