Скандалот со непотизмот кој се разоткри по настапот на „најбавната спринтерка“ на 100 метри во историјата, а кој се рашири и медиумски насекаде низ светот, ги имаше првите политички и правни последици.
Министерството за спорт на Сомалија го објави отказот на Кадиџо Аден Дахир, претседателка на Сомалиската атлетска федерација која ја регрутира својата внука да се натпреварува како спринтер на Светските универзитетски игри во Ченгду, Кина. Насра Али Абукар, внука на Кадиџо Аден Дахир, истрча 100 метри за 21,81 секунди, завршувајќи 10 секунди зад своите ривалки.
„Кадиџо Аден Дахир изврши дела на злоупотреба на моќта, непотизам и клевета на името на нацијата на меѓународно ниво“, рече Мохамед Баре Мохамуд, сомалискиот министер за спорт, во изјавата пренесена од новинската агенција ЕФЕ, во која се вели дека владата започнала правна постапка против Дахир.
„Насра Али Абукар не е спортист, ниту е тркач“, рече сомалискиот министер за спорт, кој исто така откри дека нејзината спортска лиценца е фалсификувана од Сомалиската универзитетска спортска асоцијација…институција која не постои.
Откако најспората спринтерка со својот настап го шокираше светот, се бара оставка и од министерот. Да потсетиме, сомалиската „спринтерка“ Насра Али Абукар која се натпреваруваше на Светските универзитетски игри во Ченгду, Кина стана хит на социјалните мрежи откако неверојатно бавно трчаше на 100 метри за жени.
Многумина нејзиниот настап го оценија како „најбавен досега“ на меѓународно натпреварување, а видеото од трката објавено на Интернет го отвори прашањето зошто Сомалија би испратила спортист кој бил толку недоволно подготвен на големо натпреварување, по што беше откриена измамата која се случила.
Somali Athlete, Nasra Ali Bashir makes the news for her terrible performance in a 100m race at the World University Games in China.
Somalia's Sports Minister, Mohamed Barre has ordered an investigation into her background. pic.twitter.com/HZlUKQvjIJ
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) August 2, 2023