Денес во Битола, на 78 годишна возраст, почина новинарот Стево Гаџовски.
Гаџовски е роден во село Ники во Грција, но целиот живот го помина во Битола. Целиот работен век го помина во редакцијата на Битолски весник, каде беше уредник, заменик директор, а најповеќе пишуваше за децата и младите, а беше уредник за тие текстови, каде и се пензионира.
По завршувањето на високото образование мал период работел и како наставник.
Стево Гаџовски беше дел од формињето на Детското ликовно студио “Кирил и Методиј“ од Битола, каде ги подготвуваше и уредуваше сите изданија на Студиото.
Исто така беше јазичен уредник на голем број на книги од битолските автори, на кои работеше и пред некое време.
Погребот на Стево Гаџовски ќе се изврши утре, на Светонеделските гробишта во Битола.