Актуелниот директор на Царинската управат Горан Сугарески е можен кандидат за градоначалник на Прилеп во трката владеачката СДСМ на локалните избори во октомври според сознанијата на 24 Вести.
Сугарески е поранешен пратеник и министер за транспорт и врски кој беше назначен на актуелната функција на почетокот од годинава, а во моментов градоначалник на Прилеп е Илија Јовановски од редовите на СДСМ.
Засега е познато само дека на актуелниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, внатрепартиски ќе му конкурираат Милена Стевановиќ, Ирина Бухова и Емилијан Станковиќ. Во Куманово во СДСМ Максим Димитриевски има конкурент во Мартин Костовски.
Се очекува СДСМ до крајот на јули да ги објави имињата на своите кандидати за локалните избори.