Во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово патот Д-8 кај градот Орашац во Хрватска, загинало малолетно дете, а шест лица се тешко повредени, информираат од полициската управа Дубровник-Неретва.
Сообраќајната несреќа се случила нешто пред 3 часот, кога 33-годишен државјанин на Албанија, управувајќи патничко возило со италијански национални ознаки, движејќи се во правец кон Дубровник, преминал на спротивната лента и удрил во патничко возило со германски регистарски таблички управувано од спротивен правец од 20-годишен државјанин на Германија, а потоа во неконтролирано движење удрил во автомобил со словенечки национални таблички кое се движело зад возилото со германски регистарски таблички и кое било управувано од 50 годишен државјанин на Косово.
По ударот, возилото со германски национални ознаки удрило во друго возило, исто така со германски национални ознаки, кое се движело на спротивната лента во правец на Дубровник, а со кое управувал 29-годишен државјанин на Косово.
Возачите на сите четири патнички возила кои учествувале во оваа сообраќајна несреќа биле алкотестирани и тестовите биле негативни. На местото на настанот загина малолетно дете, сопатник во патничкото возило кое ја предизвикало сообраќајната несреќа, а со тешки телесни повреди се здобиле тројца сопатници од истото возило, сите државјани на Албанија.
Покрај нив, со тешки физички повреди се здобиле и возачот на патнички автомобил со словенечки национални ознаки и двајца сопатници кои биле со него во возилото, од кои едното малолетно дете, сите државјани на Косово.
Телото на починатото малолетно дете е пренесено на Одделот за патологија на дубровничката болница каде ќе се утврдува точната причина за смртта, а повредените се пренесени во дубровничката болница каде се задржани на понатамошно лекување.
Во текот на истрагата, на која присуствуваше и општинскиот државен правобранител, сообраќајот на овој дел од Јадранската магистрала беше целосно затворен, а целосно е нормализиран во 06:40 часот.