Застрашувачки податоци за злосторничкиот фемицид во Куманово. Во истиот стан каде се случила трагедија бил и 8-годишниот син на таткото-убиец и мајката-жртва.
Детето, според сознанија на истрагата, било заклучено во една соба, додека таткото се расправал и и викал на сопругата и на нејзината мајка (баба на детето).
8-годишното дете викало на помош, а соседите кога слушнале повикале полиција за семејно насилство.
46-годишниот сопруг со нож ја избодел сопругата, а потоа и нејзината мајка која била во станот на улица Лесковачка во Куманово.
Кога полицајците стигнале и кога убиецот ги видел во станот, се приближил до прозорецот и се фрлил од 6-тиот кат на зградата во која се случило двојното убиство.
Осомничениот е префрлен во кумановската болница, но не преживеал.
Полицајците при интервенција го згрижиле 8-годишното дете кое за миг остана без родителите и бабата.
Во тек е увид од обвинителство и полицијата.