Пејачката Марија Миленковиќ од Barakuda bend починала кон крајот на април на 48-годишна возраст, објавија вечерва белградските медиуми. Зад себе остави неутешно семејство и две деца.
Нејзината погребна церемонија се одржала на 28 април на гробиштата во Врњачка Бања, каде што од неа се простија и бројни сограѓани, истакнувајќи колку била сакана.
„Марија, ќе останеш во сеќавање како глас, насмевка и добрина што не се заборава. Нека ти е лесна земјата, а на оние што те сакаа нека им остане утеха што те имаа. Збогум, Марија“, стои во објава на Фејсбук страницата каде што ѝ оддадоа почит.
Да потсетиме, Марија беше член на „Barakuda bend“, а заедно со Славко Бањац го сними хитот „Anđeli u svili“.

