Обвинителството побарало снимки од видео надзорот во трговскиот центар Ист Гејт и неговата непосредна околина по вчерашниот вооружен инцидент во гаражата на центарот во кој беше пукано во Раде Трајковски Штекли.
ВО ВРСКА СО НАСТАНОТ ВО ТЦ ИСТ ГЕЈТ, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ИЗДАДЕНИ ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ СО ЦЕЛ ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА СТОРИТЕЛИТЕ. ИЗДАДЕНА Е НАРЕДБА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СНИМКИ ОД ВИДЕО НАДЗОР НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО И НАДВОР ОД ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР. ПРЕДМЕТ НА ВЕШТАЧЕЊЕ И ПРОВЕРКИ Е И ВОЗИЛОТО КОЕ БЕШЕ ПРОНАЈДЕНО ОПОЖАРЕНО. СЕ ПРЕЗЕМААТ И ДРУГИ ДЕЈСТВИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАСТАНОТ И МОТИВИТЕ, СООПШТИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО.
Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а Трајковски Штекли не е повреден. Тој според информациите на Телма бил во блиндирано возило. Според неофицијалните информации Трајковски Штекли живеел во близина на трговскиот, а во трговскиот центар доаѓал на вежбање.