Полицијата во градот Панама Сити го пронајде телото на шестгодишно дете кое исчезна за време на празничниот викенд на 4-ти јули, кога неговото семејство го посети познатото одморалиште во Флорида, се наведува во соопштението.
Портпаролката на градот Деби Вард изјави дека телото на Енрике Кортез-Дубон било најдено на песок во блокот „8600 Surf Drive“.
Последен пат беше виден во понеделникот во плитка вода во близина на одморалиштето во кое престојуваше неговото семејство, а местото каде што беше пронајден е оддалечено околу 2,5 километри. Семејството, според полицијата, потекнувало од Атланта.
Членовите на семејството изјавија дека момчето последен пат е видено во вода до колена, додека родителите на момчето велат дека Енрике не пливал добро. Не е сосема јасно како родителите на момчето изгубиле контакт со детето.
Момчето најверојатно се удавило
Пред да го открие телото на момчето, полицијата соопшти дека ја испитува и можноста детето да се удавило или некој да го киднапирал.
– Се разбира, ова не е исходот што би го посакале. Нашите срца се скршени поради ова семејство. Знаеме дека тие тагуваат и нашите молитви се со нив – рече шефот на полицијата.
Полицијата не ја соопшти веднаш причината за смртта, но сугерираше дека момчето најверојатно се удавило откако случаен минувач го пронашол неговото тело во песок.
Началникот на полицијата во Панама, смртта на момчето ја опиша како трагична несреќа.