Раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, на ниту еден настан не се појавува без својата маска. Така беше и на отворањето на студиото на фотографот Душан Петровиќ, кој соработува со сите локални пејачи.

Девито, кому му беше симната маската на еден од неговите последни настапи, поради што беше принуден да се тргне од сцената, на овој настан дошол со своето „ламборџини“, облечен во црна, модерна комбинација над која носел скапо ланче кое наводно чини околу 200.000 евра.

Раперот потоа им позираше на насобраните фотографи и покажа дека освен бела маска, црна маица и кошула во иста боја, носел и кожени бермуди и светло жолти влечки од познат бренд.