Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ја смени историјата, барем кога е во прашање спортската опрема. Македонските фудбалери за првпат ќе истрчаат во црни дресови и црни гаќички.
Тоа е третиот дрес на националниот тим, по традиционалната црвена боја и вториот дрес со бела боја.
Ова затоа што репрезентацијата на Малта носи црвено-бела комбинација, а гостинот секогаш треба да биде во алтернативен дрес.