Дете на околу една година падна денеска од висина од два метри во хотел во Ираклион на Крит.

На местото на настанот пристигнала брза помош во придружба на лекар, кој го пренел девојчето во болница.

Прелиминарна истрага за точните причини за несреќата ја води полициската управа во Херсонис.

Според првите информации, девојчето кое по потекло е од Романија се здобило со повреди на мозокот и било интубирано, пишува Прототема.