Шефот на еквадорскиот нарко картел Мануел Хулијан Севиљано Бустаманте бил погребан со големи количини оружје за „да се заштити во задгробниот живот“. Бустаманте, кој беше убиен на 39-годишна возраст, беше водач на бандата „Лос Фаталес“.
Шокантното видео покажува како подредените на еквадорскиот наркобос го наполниле ковчегот со митралези, пушки и револвери за во задгробниот живот да биде „вооружен до заби и способен да се брани“.
Во ковчегот оставиле и капа за да „изгледа најдобро“ на капијата на Свети Петар. Бустаманте бил застрелан во перална за автомобили во градот Мокаче, Еквадор, кога бил со својата 20-годишна ќерка. Неговата ќерка, која била ранета, починала подоцна во болница.
Засега никој не ја презеде одговорноста за смртта на Бустаманте и неговата ќерка. Властите се сомневаат дека нападот може да е резултат на конфликт меѓу ривалските банди во профитабилниот свет на трговија со дрога. Според локалните медиуми, Лос Фаталес се во војна со картелот Лос Корнехос за контрола на трговијата со дрога во провинциите Манаби и Лос Риос.
Претходно оваа година, три политички убиства, сите наводно поврзани со насилство од картел, ја потресоа земјата за помалку од четири недели.
Претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, отворен критичар на организираниот криминал и корупцијата, беше убиен минатиот месец среде бел ден. Неговата смрт следеше по фаталното пукање во јули на градоначалникот на Манта, Агустин Интриаго (38), кој неодамна беше реизбран. Само една недела по убиството на Вилависенсио, локалниот политички активист Педро Брионес беше застрелан во престрелка.
Ekvador'da suikast sonucu hayatını kaybeden uyuşturucu çetesi lideri Manuel Sevillano Bustamante, silahlarıyla birlikte gömüldü. pic.twitter.com/83tJdwYO99
— Milena (@josephineVV5) September 17, 2023