Силен земјотрес ја погоди БиХ во 19:01 часот, а се почувствувал дури и во Хрватска, пишува Вечерњи лист.
Магнитудата била 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 47 километри од Мостар и 12 километри од Метковиќ.
Го почувствувале и граѓаните на Дубровник, Опузен и Метковиќ. Засега нема извештаи за причинета материјална штета.