Јелена Карлеуша објави информација на Инстаграм која целосно ги „здрма“ нејзините следбеници, особено оние кои не можеа да ја слушнат и видат во црногорскиор град Будва повеќе од една деценија.
– После години и години заобиколувајќи ја Будва, поради непријатностите што ги доживеав на последниот концерт пред долго (каде за среќа имав десетмина од обезбедувањето), решив повторно да настапам во тој град – започна Јелена.
– Патем, таква сум, доволно е некој да ми се обрати погрешно, за да ги прецртам, и тоа место и град и држава … А, камоли кога некој вооружен ќе излезе на сцената – продолжи таа .
– Но, во ред, лошите луѓе го добија заслуженото и јас се дружам со вас во Будва на 24 јули! – рече Карлеуша.
Да потсетиме, Карлеуша беше нападната со огнено оружје од косопственикот на дискотека во Будва. Пејачката ги изведе своите најголеми хитови на сцената кога беше замолено да се симне од неа, а откако таа одби, косопственикот на дискотеката стана и ја нападна со оружје, но конфликтот беше избегнат со брзата интервенција на обезбедувањето на Јелена, пишуваа тогаш медиумите.
Гаврило Лековиќ, ака Леко, е името на човекот кој тогаш, наводно, со пиштол ја нападнал Јелена. Како што многумина објавија, Леко е име што и беше добро познато на црногорската полиција во тоа време, бидејќи тој беше висок претставник на црногорското подземје.