Поранешната девојка на Метју Пери открила дека верува дека актерот им се вратил на пороците пред смртта и дека не прифаќа дека тој „едноставно се удавил во сопственото џакузи“.
Кејти Едвардс се забавуваше со актерот во 2006 година, но парот остана во блиски односи и откако раскинаа. Таа укажала на необичните објави на Пери на социјалните мрежи како доказ дека можеби повторно користел наркотици.
„Постојат многу работи кои не ми се јасни. Не верувам дека само се удавил во џакузи, тоа не ми звучи логично“, изјави Едвардс за британскиот „The Sun“.
“Го познавам Метју и знам дека не би се удавил туку-така. Мислам дека можеби земал таблети пред тоа. Рекоа дека немало лекови против болки на местото на настанот, што не ме чуди. Тој беше параноичен и веројатно би ги сокрил сите, така што не би имало докази“, додала таа.
„Беше опседнат со вода кога се дрогираше“
Метју Пери во своите последни објави на социјалните мрежи се потпишуваше како „Метмен“ (Mattman), што за неговата поранешна девојка било сомнително.
„Бев со него кога се дрогираше, иако не се дрогирав со него. Секогаш кога ќе му кажев дека можеби треба да намали со консумирањето дрога, тој ќе ми речеше: ‘Не, јас сум Метмен’“.
Кејти додала дека актерот често бил опседнат со вода додека пушел марихуана:
„Еднаш неговиот сосед во Холивуд Хилс го најде Метју гол во неговиот базен. Морав да одам таму и да го извлечам од водата. Тој секогаш беше во вода кога се дрогираше“.
Се чека анализа на токсиколошките наоди
За потсетување, во петокот беше објавена официјалната потврда за смртта на актерот Метју Пери, кој ненадејно почина на 54-годишна возраст.
Во документот кој го објавил Заводот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дошол порталот „The Blast“, се наведува дека причината за смртта на Пери „се чека“ во очекување на деталната анализа на неговите токсиколошки наоди, откако првичните резултати покажаа дека нема траги од недозволените супстанци фентанил и метамфетамин во неговата крв.
Во него се вели и дека актерот починал на 28-ми октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес и дека неговото безживотно тело било пронајдено во џакузи.