Снимка од тепачка која вечерва се случила во Куманово се споделува на социјалните мрежи.

Од неа се гледа како две лица излегуваат од бел автомобил и напаѓаат други две лица, кои возат друг автомобил застанат пред нивниот, објави Скопје1.мк.

Тепачката се случила во централното градско подрачје.

Нема информации дали полицијата добила пријава.