Не напушти менаџерот – основополжник на најуспешното телевизиско шоу во Македонија специјализирано за продажба на стоки препознаено под брендот „Топ Шоп“. Во вечноста замина управителот на компанијата „Студио Модерна“ македонската подружница на телевизиското шоу број еден за телевизиската продажба во Македонија. Брилијантен беше успехот на револуционерниот продукт „космодиск“ кој помогна на многумина и докажа дека најдобрата реклама е на принципот „од уста на уста“, објави Фактор.мк.
Стојан Јовчевски повеќе не е со нас! Не напушти менаџерот кој во Македонија производот „космодиск“ го направи најпродаваното медицинско помагало на сите времиња и ја создаде „Топ Шоп“ – најуспешната телевизиска продукција специјализирана за продажба на уреди, помагала, ствари за домаќинство и други продукти наменети за секојдневното човеково битисување.
„Топ Шоп“ во Македонија е најуспешниот телевизиски продукт наменет за продажба на стоки, кое публиката го прифати и му веруваше за што говорат и бројките што компанијата „Студио Модерна ДООЕЛ“ ги остварува од продажбата на овие стоки.
По вонсерискиот успех и огромната популарност што ја постигна со телевизиската продажба оваа компанија лансираше и нов продажен канал за директна продажба – отвори специјализирани продавници за тие стоки , што беа препознаени и купувани од гледачите, ширум градовите во целата земја.
Лани „Студио Модерна“ годината ја заврши со продажба т.е. остварени приходи во износ од 12,8 милиони евра што во услови на корона криза е супер раст од 7 отсто во споредба со 2019 година. Профитот со кој ја заврши ланската година изнесува 96.400 евра и во споредба со претходната година бележи пад од 50 отсто.
Студио Модерна е компанија основана во Словенија во веќе далечната 1992 година. Во Македонија нејзините почетоци ги паметиме по легендарниот продукт „Космодиск“ кој во тоа време бил единствен продукт за продажба. Низ годините растела продажбата и се намножиле брендовите. Сега компанијата е присутна во 31 земја во Европа и вработува повеќе од 7.000 лица.
Сега во Македонија „Студио Модерна“ продава продукти од палетите брендови „Ровус“, „Волк макс“, „Делимано“, „Дормео“ и „Вел Нео“.