Спасувач на грчкиот остров Крит ја извлече истата Русинка од бура бранови втор пат по ред, објави грчката телевизија ЕРТ.
75-годишна жена одмарала на плажата на популарно грчко одморалиште. Бидејќи премногу далеку отпливала, не можела да се врати на брегот, а и силната струја била против неа.
– Локалниот спасувач Јоргос Макридакис и помогнал. Тој ја препознал жената на која и го спасил животот на истото место пред две години. Тоа било истата туристка што тогаш ја извлекол од водата, пишува Russia Beyond.
Зачудениот Макридакис ја нарекол жената свој најдобар клиент.
– Тоа сте вие? Повторно вие?, рекол спасувачот.