Прославениот струмички фудбалер Ацо Стојков неочекувано затвори една страница од својот живот и професионален ангажман.
Денеска, преку социјалните мрежи, тој објави дека ја напушта АП Брера Струмица чиј спортски директор беше од почетокот на 2023 година. Во своето проштално писмо, Стојков не ги објави точните причини за ваквиот потег иако истакна дека тој се должи на „резултатската криза“ на екипата.
АП Брера Струмица вчера ремизираше на домашен терен со Брегалница (1-1) и по 16 кола се наоѓа на шестата позиција на табелата со 20 бода, три помалку од четвртопласираниот Силекс.