Во трилер се претвора случајот со исчезнувањето на 34-годишната Крисантис Мухтаропулос, која исчезна во петокот од куќата во која живеела со семејството во Диавата, Солун. Беше 1 декември кога жената го напушти својот дом без да земе пари или мобилниот телефон со себе, а нејзини блиски беа загрижени од првиот момент и апелираа за информации до секој кој знае каде може да биде Криса. За исчезнувањето на 34-годишната е издадена тревога од органзиацијата „Насмевка на детето“, додека во потрагата по неа придонесуваат и спасувачите волонтери на OFKATH.
Според семејството на жената, таа неодамна била жртва на малтретирање од страна на некој од нејзиното работно опкружување во фирмата во главниот град каде што работела и оттогаш се соочувала со психички проблеми, исплашена е и нервозна, поради што и треба да се внимава кога и се приближува.
Во изјава за protothema.gr, нејзината мајка објаснува дека гледајќи ја ситуацијата со која се соочувала 34-годишната во Атина, а особено однесувањето на еден од нејзините колеги, семејството одлучило Криса да се врати во својот дом во Солун и да добие психолошки поддршка од специјалисти. Можеби причината поради која го напуштила домот, како што вели нејзината мајка, била тоа што се плашела да не ја однесат на клиника, бидејќи не сакала да ја земе терапијата што ја препишал лекарот.
„Во петокот бевме отсутни малку од дома, а потоа таа си замина. Тоа го сфативме штом се вративме и син ми истрча да ја стигне, но не успеа. Таа не земала ништо со неа, ниту мобилниот телефон, ниту облеката, ниту парите“, вели нејзината мајка.
Три дена по нејзиното исчезнување, поточно напладне во неделата, 34-годишната девојка посетила ресторан за храна за носење во областа Делфи и учтиво побарала да и дозволат да добие нешто бесплатно, со изговор дека ја изгубила чантата и имала проблем со нејзината картичка.
Всушност, во видео документот од безбедносните камери на компанијата, жената за прв пат може да се види како излегува од продавницата, кога вработената и објаснува дека не може да и даде нешто бесплатно. Се враќа околу 20 минути подоцна да го побара истото, секогаш држејќи шише со вода во рацете.
„Видена е и во областа Делфи, на прелетот Корделиос и во Евосмос. Се чини дека се шета низ целиот град. Апелираме секој што ќе ја види веднаш да се јави“, забележува нејзината мајка.