Инспекторите за храна во САД открија кои прехранбени производи не ги купуваат во продавниците, а тоа поради здравствените ризици што можат да ги носат.
Затоа, врз основа на нивното знаење и искуство во нивната секојдневна работа, открија каква храна не купуваат во продавниците, пренесува порталот net.hr во текстот на британскиот Дејли експрес.
Една од тие намирници е свежото непастеризирано млеко, вообичаено наречено сурово млеко, и тоа е на врвот на нивната листа.
За разлика од пастеризираното млеко, суровото млеко може да содржи штетни бактерии како салмонела, E. coli, листерија, бруцела и други, истакнаа од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
На второ место се сецканите производи, како салама, сирења и слична храна.
Тие велат дека пакуваната храна, според законот, мора да помине низ строг процес, но храната што се сече на лице место во продавниците не. Според тоа, не се знае што правел претходно и какви хигиенско санитарни процедури применувал тој што ја сечел храната.
На трето место се свежо зготвената и печената храна, односно готовите оброци, бидејќи одржувањето на соодветна температура е клучно за спречување на размножувањето на бактериите.
Прописите за безбедност на храната налагаат топлата храна да се чува на температура од 57 степени или повисока, додека ладната храна да се чува под 5 степени. Сè што не е во овие димензии претставува ризик по здравјето, истакнува Експрес.