Следната приказна предизвикала жестока дебата во Кина. Во центарот е човек кој ја дознал болната вистина за „своите“ деца, а потоа сатисфакцијата ја побарал на суд.

Во декември 2007 година, Чен Зичијанг се оженил со Ју Хуа, не долго откако почнале да се забавуваат. Родителите го притискале да се смири, па тој немал шанса подобро да ја запознае.

Не поминало многу време, а жената му кажала на Чен дека е бремена. Бил воодушевен, не се сомневал во ништо. Работел како возач на камион на долги релации кога дознал дека има ќерка.

Поминале години, а жената родила втора ќерка. Чен често отсуствувал, но и овој пат не се посомневал во ништо.

Дури во 2019 година, кога добил вест дека ќе стане татко по трет пат, решил да ја испраша жената. Знаел дека не бил дома во моментот кога детето било зачнато, пренесува Oddity Central.

Таа инсистирала дека детето е негово, а мажот ја прифатил приказната и ја пречекал третата ќерка. На крајот на следната година, сепак, ја открил страшната вистина.

Чен дознал дека неговата сопруга не му е верна, односно дека имала афера со маж по име Ву. Покрај тоа, добил информација дека таа ја родила четвртата ќерка во градот Шанграо, па таму отишол во друштво на адвокат.

Во болница дознал дека таа родила девојче, а во формуларот бил наведен како татко, со фалсификуван потпис.

Убеден дека сопругата го лажела во претходните случаи, тој поднел барање за развод и побарал ДНК тест. Анализата утврдила дека ниту едно од децата не е негово, па ја однел жената на суд и побарал отштета за „нанесената душевна болка“.

Необичниот случај се најде на насловните страници низ Кина, а надлежниот суд донесе конечна одлука на крајот на 2023 година.

На Чен му било доделено старателството над двете најстари ќерки, додека на Ју Хуам ѝ било наложено да се откаже од родителските права и да му плаќа месечна алиментација на поранешниот сопруг.