Младиот човек нарачал две пива во исто време во кафаната. Кога му рекле дека не може повеќе, започнале проблемите. Според овонеделната пресуда, се’ се случило во јуни околу 23 часот и 15 минути во хрватското населено место Гуња, ​ на терасата на кафе барот „Монако“. Гостинот Нино (20) и келнерката Јасна (28) се осудени за нарушување на јавниот ред и мир.

„Во алкохолизирана состојба, Нино ги замолил сопственикот на локалот Крешо и келнерката да му донесат две пива, а кога одбиле да го послужат, тој постојано му викал на сопственикот: Крешо, дај ми две пива, Бог те је*о!”

Кога газдата одбил, пак почнал да вика сега обраќајќи се кон келнерката: Пи*ко една, ме слушаш ли, да ти е*ам мајката, ќе те скршам! Келнерката го предупредила за неговото однесување, па тој и викал: И тебе и мајка ти да ве …, ку*во, сите ќе ве истепам!

„Келнерката Јасна потоа го удрила со стисната тупаница во пределот на тилот, по што Нино ја удрил со отворена дланка во пределот на главата зад увото и од масата зел пивско шише кое го фрлил на подот пред шанкот“, наведе судијата во пресудата.

Нино ја игнорираше поканата на судот, па му се судеше во отсуство. Келнерката Јасна сведочела дека на младиот човек му донела две пива, но тој подоцна ѝ побарал уште две, што таа го одбила. После тоа почнал да му вика на газдата.

„Го предупредив да не му се обраќа така на сопственикот на локалот и дека кафеаната се затвора на полноќ, а тој почна да вика и по мене. Во раката држеше шише и тргна кон мене. Се исплашив, па му удрив тупаница во главата.

Ми возврати, не знам со кој дел од раката, но знам дека ме удри во пределот на главата зад увото. Потоа фрли пивско шише и ја напушти терасата“, изјави келнерката.

Полицијата многу брзо пристигнала на повик на сопственикот и го пронашла младиот човек и го привела. Нино е казнет со 100 евра, од кои 40 евра му се одбиени бидејќи денот го поминал во полициски притвор. Јасна е казнета со 60 евра. И двајцата треба да платат по 30 евра прекршочни трошоци.