Можеби сте од оние кои се премногу мрзеливи за да се маскираат. Во секој случај, мора да признаете дека 1 април е многу позитивен и весел ден, бидејќи сѐ е дозволено, а никој нема право да се лути! Без разлика дали ќе се маскирате или не, дефинитивно мора да смислите некоја добра шега со која малку ќе ги вознемирите вашите најблиски.

Идеи за првоаприлски шеги кои вашите најблиски никогаш нема да ги заборават!

Доколку не сакате да се потрудите ни околу тоа, не грижете се! Ние го имаме совршеното решение и за најмрзеливите, а тоа се пораките. Има ли нешто пострашно од порака со незгодна содржина? Секако дека овие шеги не се соодветни за секого, така што добро размислете како ќе реагира личноста која ќе ја одберете за ваша мета. Ако ви се допаѓа оваа идеја, искористете ги следниве неколку првоаприлски шеги како инспирација…

Катастрофа во домот

Смислете некаква катастрофа што би можела да ви се случи во домот и испратете им порака на цимерите или на вашиот партнер или партнерка. Можете да кажете дека целиот тоалет е поплавен од тоалетната шолја и дека сте ги искористиле сите пешкири за да исчистите, но водата почнува да се шири и во останатиот дел од домот. Ќе биде забавно да откриете дали ќе има некој што веднаш ќе се упати накај дома.

Пирсинг

Купете лажни пирсови и испратете им фотографии на вашите пријатели и родители. Не заборавајте да ја посетите баба ви со огромен пирс на носот и веѓата.

Идеи за првоаприлски шеги кои вашите најблиски никогаш нема да ги заборават!

Сообраќајна несреќа

Најдете фотографија од сообраќајна несреќа на која има автомобил ист како вашиот и пратете ја на некој кој знаете дека нема да ве мрази до крајот на животот поради оваа сурова шега. Не заборавајте да нагласите дека вие сте добри и дека само автомобилот е уништен за да не се загрижат премногу луѓето што ќе ја добијат фотографијата.

Финансиски проблем

Измислете дека одеднаш ви недостасуваат многу пари од сметка и направете цела драма од тоа. Одберете човек кој многу се грижи за парите или вашиот бизнис партнер.

Идеи за првоаприлски шеги кои вашите најблиски никогаш нема да ги заборават!

Тепачка

Кажете некому дека сте се степале и уживајте во реакцијата! Уште подобро е ако детално ја опишете тепачката, а можете и да испратите фотографии од вашите модринки и гребаници. Колку пореалистично го изведете ова, толку подобро.

Бркање од училиште/Отказ

Измислете дека ве избркале од училиште или дека сте добиле отказ бидејќи по некоја случајност сите сериозни животни промени и катастрофи се случуваат токму на 1-ви април.

Идеи за првоаприлски шеги кои вашите најблиски никогаш нема да ги заборават!

Измислени ликови

Земете го мобилниот на вашиот најдобар пријател и заменете ги сите имиња во именикот со имиња на ликови од филмовите или цртаните. Замислете си само каква „збунка“ ќе настане кога другар ви ќе добие порака лично и персонално од Дарт Вејдер! Ако можете да вклучите повеќе луѓе во оваа шега, тие би можеле да се преправаат и да влезат во улогата на ликовите што ќе ги одберете во текот на целиот ден.

Бременост

Соопштете му ја лажната бременост на вашиот партнер преку порака. Ова е класична првоаприлска шега, но сѐ уште многу ефективна.

Идеи за првоаприлски шеги кои вашите најблиски никогаш нема да ги заборават!

Измислен настан

Ова е одлична шега за вашите пријатели кои моментално полагаат колоквиуми. Пратете им порака која гласи: „Со среќа на колоквиумот денес. Знам дека одлично ќе поминеш! Крши нога!“. Додека да сфатат дека е сабота и дека не треба да одат на полагање, ќе настане општ хаос во нивната глава! Секако дека ова може да го искористите за кој било друг важен настан, како презентација, состанок и слично.

Промена на имиња

Преправајте се дека сте некој друг. Само сменете го вашето име во именикот на вашиот најдобар пријател со името на неговата девојка. Подгответе се за низа љубовни пораки и урнебесни повици што почнуваат со „Душо“. А замислете си само колку ќе се загрижи ако почнете да ги игнорирате неговите повици! Уживајте во забавата.