ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира информациите за наводни лажни анкети објавени на МРТВ. Според партијата, „не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДСМ“.

Според партијата на Христијан Мицкоски, потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните.

Она што е највпечатливо е што на објавениот лажиран документ има и лажен датум, односно 05.12.2024.