Триесет и петгодишна жена го загуби животот во сообраќајнат несреќа што се случила утрово околу 6 часот на патот низ српската општина Севојно, јавуваат српските медиуми.
Автомобилот во кој била жената, од засега непознати причини удрил во автобус. Во автомобилот се наоѓало тричлено семејство.
Несреќата се случила на главниот пат преку Севојно, кога „рено сеник“ со новосадски регистарски ознаки, кој доаѓал од правец на Ужице, удрил во локален автобус со кој се превезувале патници на релација Севојоно – Ужице.
Жената која се наоѓала во автомобилот седела на совозачкото седиште и кога брзата помош пристигнала на местото на настанот, давала знаци на живот,но починала кратко време откако била примена во болницата во Ужице.
Нејзиниот сопруг, кој управувал со автомобилот со тешки повреди бил примен во Општата болница во Ужице. Во истата болница било згрижено и нивното дете, кое не е во животна опасност.
📷