Едно лице е потешко повредено, а тројца полесно во сообраќјна несреќа што се случила ноќеска на магистралниот пат Гостивар-Кичево помеѓу патничко возило „мерцедес“, со италијански национални ознаки, управувано од А.У.(40) од с.Теарце, тетовско и товарно возило „фиат дукато“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(48) од Гостивар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило. Н.И.(35) од Тетово, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од товарното возило Ш.К.(54) од с.Здуње, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.