Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен.
Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24.
Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.
Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.
🇵🇱 A huge fire broke out on the territory of a shopping complex In Warsaw, Poland.
There is a threat of the roof of the building collapsing.
— Lord Bebo (@MyLordBebo) May 12, 2024
Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада.
Овие продажни места смеат да се отвораат само неколку недели годишно за да можат луѓето да купуваат за Божиќ, Велигден и други празници.